Обука за одредување на видот и одмерување на висината на казна

Обука за Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната во организација на Адвокатската комора на Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите денеска и утре ќе се одржи во Гевгелија.

Како што соопшти Адвокатската комора на РМ, обуката е наменета за адвокати и се спроведува во рамки на проектот „Обука на адвокатите на одбраната за новиот Закон за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната“, финансиран од Амбасадата на САД во Скопје.

Целта на проектот е развивање на вештините на адвокатите во однос на клучните карактеристики на Законот за кривичната постапка и на Законoт за одредување на видот и одмерување на висината на казната. 

 
 
21.11.2016 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега