Јолевски на Халифакс форумот: Потребна сеопфатна стратегија за мигрантската криза

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, заедно со потпретседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Кристина Берил и претседателот на ХИАС, Марк Хетфилд на последнито ден од Безбедносниот  форум Халифакс говореа на панелот: „Додека бегалците ги преминуваат границите, државите си ја префрлаат топката“.

Во текот на дискусијата, како што информираат од Министерството за одбранаа, се констатирало дека бројот на бегалци и внатрешно населени лица во светот е најголем во историјата. Министерот Јолевски истакнал дека е потребна сеопфатна стратегија во Европа за справување со мигрантската криза, во која ќе бидат вклучени елементи за надминувањето на изворите кои генерираат бегалци, помош на земјите од непосредно соседство на Сирија и Ирак, каде има најмногу бегалци, државите на балканската рута и Европската унија и земјите членки. Тој истакнал дека Македонија докажа дека има капацитети за справување на големиот мигрантски бран и дека внимателно ја следи ситуацијата и има развиено сценарија за одговор доколку настанат промени.

Во текот на дискусијата станало збор за потребата за подобрување на меѓународната регулатива за мигрантите. Во неа, како што стои во соопштението се посочило дека еден од најголемите предизвици е немање соодветна меѓународна регулатива и институции кои се занимаваат со внатрешно раселените лица. Нивниот број, било посочено, е многу поголем од бегалците кои ја напуштиле Сирија и ако не се најде соодветен начин да им се помогне, голема е веројатноста и тие да станат бегалци.

На панелот е истакнато дека е потребно да се работи и на стратегија за обнова и развој на Сирија. Добро осмислена и ефикасна стратегија, според учесниците, е потребна за успешно враќање на бегалците во нивните домови кога мирот ќе биде постигнат.

 
 
21.11.2016 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега