Утре неработен ден

Денот на албанската азбука - 22 ноември (вторник), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честитаат Денот на Албанската азбука.

Последен празник за годинава е празникот "Св. Климент Охридски" и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

 
 
21.11.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега