Утре не очекува сончево време
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и тивко. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла особено во утринските часови, а преку денот видливоста ќе биде променлива. На планините и на повисоките места ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од седум до 16 степени.
Во Скопје сончево и тивко со појава на магла со променлива видливост. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до девет степени.
До четврток времето ќе биде стабилно и суво, по одделни котлини со појава на магла со променлива видливост.
В петок и сабота се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кога и маглата ќе се расее.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа