Утрово опасно по живот - овие скопски населби се најзагадени

Утрово во Македонија е ведро со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини  има појава на магла, особено  во скопската и полошката котлина, како и долж Повардарието, каде има магла со намалена хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб ветер од југоисточен  правец.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово највисоки концентрации на ПМ10 честичките измерија во Центар 159,09, Карпош 149,73 микрограми, Лисиче 131,09, Лисиче 126,87, Гази Баба 125,87, Миладиновци 108,01, Тетово 96,07, Куманово 85,96, Кавадарци 79,66, Велес 79,51 и во Кочани 58,88 микрограми на метар кубен.

 
 
22.11.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега