Нови автобуски постојки во општина Чешиново-Облешево

Согласно општинската програма за изградба и уредување на локалната и регионалната патна мрежа, општина Чешиново Облешево започна активности за поставување нови автобуски постојки.

-Со реконструкција на постоечките и поставување на комплетно нови втобуски постојки ќе бидат опфатени автобуските стојалишта од магистралниот пат Кочани-Штип, односно по делницата која ги опфаќа населените места Облешево, Чифлик, Чешиново, Кучичино и Уларци. Паралелно со ова работиме и на обележување на автобуските постојки во останатите населени места низ кои поминуваат регионалните патни правци во општината, истакна Костадин Личков, градоначалник на Чешиново Облешево.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Чешиново-Облешево.

 
 
22.11.2016 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега