ВМРО-ДПМНЕ од Охрид: На 11 декември референдумско гласање за Македонија

Изборите на 11ти декември се реферндумн на кои народот ќе ја донесе одлуката во каква Македонија сака да жицее, порача пред десетици илијади граѓани на првиот митинг во Охирд Никола Груевски. Лидерот на партијата предводник на коалицијата за подобра Македонија очекува изборот да биде лесен помеѓу понудата на гласачкото ливче.

Груевски како и носителот на листа во ИЕ5 Антонио Милошоски пред Охриѓани ја презентираа програмата Реално испишана на 500 страници. Ветија продолжување на привлекувањето странски инвестиции како Косатал и ОДВ Електрик кои веќе работата во охридскиот регион, изградба на нови и реконструција на голем број локални патишта, експресен пат до Пештани како и нов автопат до Струга, марина, катни гаражи, станови за социјалните категории граѓани, училишта и градинки и субвенции за привлекување странски туристи. Корист порача Груевски граѓаните ќе имаат и од мерките за проектот купи куќа, субвенциите за земјоделците, проектот за комапниите жртви на транзицијата, зголемувањето на минималната плата, пензиите и социјалната помош.

На првиот митинг на стартот на изборната кампања пред охригани се обратија престатвнците од коалиционите партии од сите заедници кои се наоѓаат на листите за пратеници. Според проценките на коалицијата за пдообра Македонија на плоштадот во Охрид минатата ноиќ биуле присутни 50 илјади граѓани. 

 
 
22.11.2016 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега