Груевски: „Реално“ со реални решенија за стечајците и земјоделците
Проектот Рестартирање на стопанските капацитети – Жртви на транзицијата е посебно значаен проект, кој има за цел финансиски да се помогне за рестартирање на фабрика.
Предвидено е државата финансиски да помогне со 2000 евра грант за секој вработен, а доколку е стечаец висината на грантот е 4000 рева, со заложба да ги задржи на работа најмалку 5 години.
-Државата ќе кофинансира во делот на реновирањето, во набавка на опрема и тоа 10% од инвестираната вредност, максимум 500.000 евра, рече Груевски.
Овој проект исто така предвидува и:
-Ослободувања од плаќање на данок на добивка 2 години, и од персонален данок и социјални придонеси 3 години, доколку вработените ги задржи на работа најмалку уште 3 години.
-Обезбедување на обуки, прекфалификации и професионално усовршување и други поволности.
Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ се предвидени нови 600 милиони евра за македонските земјоделци.
-Предвидени се пакети за поддршка на мали земјоделски стопанства, со цел да прераснат во повисока развојна категорија, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа