Груевски: Индустриската зона во Струмица за која Заев ветуваше илјадници вработување е празна ливада

Зошто Зоран Заев не донесе една инвестиција во Струмица, праша денеска од Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

sacevo

Заев, вели дека  се иселувале од Македонија оти немало работа и тврди дека ќе ги задржи луѓето во Македонија, подвлекува Груевски и додава:

-Вели дека ќе им овозможел да работат и им ветува 500 евра плата. Па што не ги задржи во Струмица, каде што 15 години е градоначалник. Постојано се иселуваа луѓе од Струмица. Што не донесе една инвестиција. Во неговата програма ветуваше за Струмица дека во индустриската зона која таму требаше да се прави ќе отворел не знам колку илјади работни места . една фабрика не донесе таму, а денеска на сите граѓани им ветува дека толку многу фабрики ќе донел, што никој нема да замине од Македонија. Кого лаже? Кого мисли дека потценува праша Груевски.

Тоа, додаде тој, се лажги со опашки, а опашките се во Струмица.

 
 
22.11.2016 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега