СИТЕЛ: Велјановски со делегација на ПССЕ: Услови за фер избори има

Создадени се сите услови за одржување на фер и демократски избори на 11 декември, но и за изборниот процес по завршување на изборот, посочил Претседателот на Собранието Трајко Велјановски на средбата со претставниците од набљудувачката мисија од Парламентарното собрание на Советот на Европа. Првиот парламентарец укажал дека постои согласност од сите политички субјекти за одржување на изборите на договорениот датум.

Делегацијата на ПССЕ предводена од Стефан Шенах, која на изборите на 11 декември ќе брои 25 члeна, ќе има обврска да изработи извештај кој ќе биде претставен на отворањето на парламентарната сесија во јануари 2017 година.

 
 
22.11.2016 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега