Шилегов избркан од Брвеница: Се криел во продавница на сопартиец (ФОТО)

 

Петре Шилегов, по мај мината година кај народот познат и како Камај Камај, денеска беше во посета на Брвеница. За потсетување, за време на немилите настани од 9 мај во Диво Насеље, Шилегов се шегуваше на својот Фејсбук профил, пост кој налути многумина и не остана незаборавен, пренесува Курир.

Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:

shilegov-kamaj

„Како мал не му давале да си игра ‪#‎камај, па сега мора тоа да го изживее.

Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.

Тогаш на фатениот му се се викаше ‪#‎жив…”

Шилегов тогаш  се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.

Ова негово шегување, денеска не остана неказнето од граѓаните на Брвеница.

Имено, Шилегов бил избркан од страна на жителите и локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.

За потсетување, во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а  четворица од осуммината загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица.

 
 
22.11.2016 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега