Груевски: Дела, мерки и проекти за граѓаните

 

На 11 декември граѓаните ќе докажат дека се против идеите за федерализација или кантонизација на Република Македонија и давајќи го гласот за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“,  ќе гласаат за суверена и унитарна држава, порача вечерва од Ресен лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и носител на листата во изборната единица 4 Никола Груевски.
Според него, државата неможе да се препушти и третира како експеримент, и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет.

Важно е, истакна Груевски, сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста која СДСМ и Зоран Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел. Таа е комплетно редифинирање на Република Македонија и претворање во држава со кантони или федерални единки, кои ќе имаат право на отцепување и самоопределување што значи и отцепување на унитарна и суверена Република Македонија, рече Груевски.

Тоа, како што нагласи, била и целта на политичката криза што изминатите години се случуваше во земјава. Секој, подвлече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, кој не верувал или барем малку се сомневал сега знае и го гледа сценариото кое се надвиснало над нашата држава.

- Граѓаните на Струга, Кичево, дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и други места низ државата најдобро ги знаат искуствата и експериментите на СДСМ, бидејќи ги почувствуваа на своја кожа. Македонија не смееме да дозволиме да биде нечиј експеримент и вие граѓаните овде во Ресен тоа ќе го докажете затоа што знаете кои се последиците од сето тоа. Тоа најдобро ќе го докажете со вашето гласање на 11 декември со гласање против идеите за федерализација, кантонизација и редефинирање на Македонина и гласање за ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, рече Груевски.

Правејќи споредба меѓу владеењето на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, тој посочи дека има голема разлика во пристапот на политиката на двете партии. Нашиот пристап во политиката е да се сменат работите на подобро да се создадат дела, мерки, проекти, да се преземат работи со кои ќе се решат проблемите на граѓаните. Тоа го покажавме во изминатиот период на нашето работење, рече Груевски, потсетувајќи на субвенциите за земјоделците од над еден милион евра, намалената стапка на невработеност од 38,7 опадна на 24 отсто со отворањето на 160.000 нови работни места, почната изградба на три автопати во должина од 120 километри, зголемувањето на пензиите....

Во новата програма, нагласи Груевски, предвидено е до крајот на 2020 година да се намали стапката на невработеност на 17-18 отсто и да се отворат нови 70.000 работни места. Да се зголеми минималната плата на 14.000 денари постепено до 2020 година, а за кожарската и тесктилната 13.500 денари, како и да се реализира проектот „Рурални развојни зони“. - Доколку во руралните развојни нема пат, водовод и канализација државата ќе изгради, а се ослободува и од комуналии. За секое вработување работодавачот ќе добие грант по 2.000 евра, ако вработи стечаец грант од 4.000 евра со обврска да ги задржи најмалку пет години, наведе Груевски.

Програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предвидува и рестартирање на стопанските капацитети жртви на транзицијата. - Секој кој сака да рестартира такво претпријатие државата финансиски ќе му помогне со грант од државата од две, односно четири илјади евра, да му помогнему овозможи да го кофинансира реновирањето и 10 отсто во набавката на опрема до висина од 200.000 евра. Во првите некокку години нема да плаќа данок на добивка и персонален данок на доход, појасни Груевски.
За земјоделци, информира дека се предвидени нови 600 милиони евра, контиунирана поддршка за младите претприемачи, доделување неповратни средства за младите претприемачи. Во новата програма „Реално“ предвидено е и изградба на шест нови експресни патишта реконструкција, изградба и реконструкција на над 60 регионални патишта, отворање на над 140 нови детски градинки во цела Македонија, продолжува проектот „Купи куќа за млади“...

Груевски потсети и на реализираните проекти во Ресен и Преспа меѓу кои ги спомена реконструкцијата на регионалниот пат Макази граница до Грција, отворањето на откупно дистрибутивниот ценатр за јаболка Ејпл Ленд, изградбата на плажите Стење и Сливница, реконструкција на локални патишта, изградба и реконструкција на канализациски и водоводни системи...
Коментирајќи ги најавените проекти од програмата на опозициската СДСМ Груевски запраша зошто Заев, кој е 11 години на власт во Струмица не реализирал ниту еден од проектите како што е враќање на 15 отсто од ДДВ или да им дава плата од 500 евра на вработените во фирмите на неговото семејство.

Носителот на листата во 5. Изборна единиците Антонио Милошоски повикувајќи ги жителите на Преспа да го дадат својот глас на Коалицијата „За подобра Македонија“ спомена дел од проектите поместени во нивната програма и посочи дека ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата градат за секого и помагаат на секого.  - Ние до сега бевме владејачка опција, ќе бидеме и после 11 декември, затоа да си помогнеме и себеси, сите со пријатели, роднини и комшии да излеземе на гласање, да имаме убедлива победа, да имаме добра позиција и да можеме да си помагаме на сите наши луѓе и после овие избори, рече Милошоски. 
За обвинувањата од опозицијата за режим, диктатура, фашизам и автократија тој нагласи дека во времето кога СДСМ беше на власт народот кога ќе побарал одговор му враќале дека некои прашања не заслужуваат одговор. - Народот  во Кичево и Струга затоа што сакаше да остане свој на своето го тепаа со полиција и тие денес зборат за режим и за диктатура. Во Македонија никогаш немало поголема демократија, но проблемот е што платениците на СОРОС ја злоупотребуваат таа демократија за да ја држат државата во заложништво, во грч две години ни одзедо. Ни одзедоа две години од работата во кои ќе направевме уште повеќе ако не ја направеа оваа политичка криза, рече Милошоски.

На митингот во Ресен се обрати и кандидатот за пратеник од Коалицијата „ За подобра Македонија“ од Ресен Јован Тозиевски и дел од коалициските партнери, кои ја побараа поддршката од Преспани за програмата, која, како што нагласија, нуди подобар живот за граѓаните.

 
 
22.11.2016 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега