Груевски: Ние ветуваме работи за кои сме сигурни дека ќе ги реализираме

 

Ние ветуваме работи за кој сме сигурни дека ќе ги реализираме, порача лидерот на ВМРО ДОМНЕ, Никола Груевски од Струга.

Програмата Реално е на народот и преставува одговор на сите нивни потреби и барања. Со неа ќе обезбедиме економски раст, напредок и нови инвестиции.

-Предвидуваме растот на БДП да се движи меѓу 3,0% и 4,5%. Со несмалено темпо ќе работиме на реализација на нови гринфилд-инвестиции, ќе продолжиме со реализирање нови мерки за вклучување на поголем број домашни македонски компании во ланецот на доставувачи на мултинационалните компании. Продолжуваме со оданочувањето од нула отсто на реинвестираната добивка и со политиката на ниските даноци. Македонија има најниски даноци во светот. Бизнис инсајдер по податоци на ММФ и СБ објави ранг иста, каде Македонија е број 1 со најниски даноци во светот, по нас се земји како Катар, Емирати. Број 1 во светот по најниски даноци е Македонија, рече Груевски.

Ќе продолжуваме, додаде тој со таа политика бидејќи дава резултати.

 
 
22.11.2016 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега