Груевски: Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 18% со отворање на нови 70.000 работни места

Ќе ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 18 отсто затоа што ќе се отворат најмалку 70.000 нови работни места, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот пред стружани.

Предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и зголемување на пензиите за 10,25 отсто, додаде тој во својот говор.

-Предвидуваме зголемување на социјалната помош за 50 отсто во наредни 4 години.Во наредните четири години ќе го продолжиме трендот на усогласување и зголемување на платите за преку 3.500 вработени во детските градинки и ќе отвориме и 140 детски градинки, рече Груевски.

 
 
22.11.2016 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега