Студот сече: Што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и по речните долини ќе има магла.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје сончево со утринска магла.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините. За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат.

 
 
23.11.2016 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега