Денови на македонската култура во Загреб

Манифестација „Денови на македонската култура“ ќе се одржи вечер во библиотеката „Тин Ујевиќ“ во Загреб, во организација на македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Хрватска.

Ќе биде отворена изложба на фотографии „Колорити на Македонија и Хрватска“ од авторот Павле Миљовски, а потоа ќе биде претставена стихозбирката „Огниште“ од авторката Милена Златеска.

Дел од програмата е настап на пејачката група „Моми бисерни“ во придружба на оркестарот „Охридски бисер“.

Покровител на манифестацијата е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

 
 
23.11.2016 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега