Трет ден од изборната кампања: Еве каде ќе имаат митинзи партиите

Митинзите на партиите и коалициите продолжуваат и денеска. По официјалниот старт на кампањата за претстојните избори,ВМРО-ДПМНЕ традиционално како и секоја година, кампањата ја почна од Охрид, додека Коалицијата предводена од СДСМ имаше собир во Прилеп, ДУИ во Липково, ДПА во Студеничани, Коалицијата за промени и правда - Трет блок имаше претставување на кандидатите и програмата, Либералната партија почна во Скопје.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ имаше митинг во Ресен и Струга, додека СДСМ во Драчево, Кисела Вода и Аеродром. 

За денеска е најавен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Кавадарци, СДСМ во Демир Хисар и Кичево

ДУИ за денеска најавува прескоференција на носителот на листата на ДУИ во Првата изборна единица Артан Груби што ќе се одржи во партиското седиште во  Скопје, додека ДПА ќе има митинг во село Челопек.

 
 
23.11.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега