Милошоски: Битола ќе добие современа спортска сала, базен, железничка и нов експресен автопат

 

Тука во Битола имаме можност да го отвориме регионалниот  изборен штаб за петтата изборна единица заедно со кандидатите за пратеници и да почнеме со претставувањето на нашата програма пред битолчани, изјави Антонио Милошоски носител на ИЕ 5.

-Би ја искористил можноста да кажам дека неколку проекти кои се обврзуваме ќе ги исполниме во иднина: Првиот проект е изградба на еден голем спортски центар во кој што ќе има сала со шест илјади седишта, а ќе има и затворен пливачки базен со ватер поло димензии, ќе има сала за боречки вештини како и една современа гимнастичка сала. Овој нов спортски центар мислиме дека ќе биде еден од најдобрите во Југозападниот дел на Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен. Втората работа како што знаеме пред неколку години како несреќен случај се запали домот копанки, иако не беше сосема регулирана сопственоста на овој планинарски дом ние раговаравме со ЕЛЕМ како препријатие кое што има посолиден буџет и се обврзуваме да го обновиме планинарскиот дом заедно со ЕЛЕМ за што имаме и рок и финансиска конструкција, вели Милошоски.

Тој исто така ја потенцираше и загаденоста на воздухот чистата животна средина. Милошоски рече дека работите не се решаваат со зборови и треба да се преземат капитални проекти. Додаде дека нивниот капитален проект е еден магистрален гасовод, кој што од Неготино ќе доаѓа до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид-Струга.

-Да направиме еден прстен, а првенствено да може да биде користен преку дистрибутивна мрежа и од стопанските субјекти и од домаќинствата.На тој начин ќе имаме и поевтина енергија и почист воздх, а тие што произведуваат ќе имаат поевтин ресурс по конкурентен на пазарот. На крајот тоа што исто така сметам дека е важно за Битола е експресен пат, од Битола до Меџитлија за да може овој експресен пат да служи за поголема комуникација и на луѓето но и на оние што произведуваат и извезуваат во соседната земја. Исто така патот ќе се поврзува и со индустиската зона Жабени, а ќе го обновиме и железничкото поврзување од Битола кон Грција а со тоа и кон Солун. Се на се за градот Битола имаме проекти кои се дел од реалната програма на ВМРО-ДПМНЕ, не ветуваме брда и долини, но тоа што ќе го запишеме во програмата сакаме да го оствариме бидејќи овие избори не се ни први ни последни, многу ни важи зборот, угледот, довербата на луѓето а досега истата сме ја оправдувале и ќе продолжиме во иднина да работиме така, потенцираше Милошоски.

 
 
23.11.2016 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега