СИТЕЛ: Вложувањето од 12 милиони евра треба да отвори 1000 работни места во Прилеп

Нови 1000 вработувања во Прилеп. Германската групацијата „ВИК“ ја финализира одлуката за инвестрање во Макеодија. Ќе вложат 12 милиони евра во фабриката за производствто на електрични апарати. Целото производствто ќе биде наменето за извоз во Европа, а во процесот ќе бидат вклучени и голем број домашни добавувачи.

„Компанијата „ВИК“ одлучи да инвестира во Македонија. Беше потребно време во овој преговарачки процес, преговаравме подолго време, тие разгледуваа и други локации во ЈИЕ, но ние успеавме да ги донесеме во Македонија, да ја видат бизнис – климата и тие одлучија да инвестираат кај нас. Оваа компанија ќе донесе нова диверзификација на производството во земјава. Ќе произведуваат електрични уреди, односно апарати за кафе. Целиот продукт комплетно ќе биде произведен во Македонија, што значи дека синџирот на добавувачи ќе биде од локалниот пазар, што значи дека ќе бидат ангажирани голем број домашни компании, ќе се отворат работни места и ќе има бизнис за повеќе домашни компании“ – изјави министерот за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески.

Процесот на преговори бил краток, од јуни годинава, но тежок. Менаџментот расгледувал локации и во Романија, Унгарија и Украина.

„Донесена е одлуката за инвестирање во Македонија. Имаме поддршка од Владата. Знаеме дека е тешко кога се прават нови инвестиции, но Владата ни излезе во пресрет. Ние сме германска компанија за производство на електрични апарати, имаме големо производство во Кина, а во Македонија ќе правиме апарати за кафе. Ќе започнеме до крајот на идната година. Производствениот процес ќе се одвива во зоната во Прилеп. Нашето производство ќе го пласираме на европските пазари. Во Македонија има извонредни млади луѓе кои имаат ентузијазам“ – вели инвеститорот Кристоф Дерм.

„ВИК“ е семејна германска компанија со седиште во Есен и во Хонг Конг, каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата сега има 6 илјади вработени со 350 инженери.

„Имаме вкупно 6 илјади вработени, фабрики за производство имаме во Азија, а во Прилеп ќе произведуваме за европскиот пазар. Подготвени сме за инвестицијата. Со проектот почнуваме во февруари. Капацитетот ќе го изградиме на површина од 10 илјади квадратни метри. Инвестицијата во првата фаза изнесува 12 милиони евра“ – објасни Хелмут Румчер, кој е член на бордот на директори на компанијата.

Новата инветсиција ја поздрави и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на средба со бизнис заедницата во Прилеп. Тој најави низа мерки, евтини креидти,д аночни и дарински олеснувања за бизнис секторот, предвиднеи со новара програма Реално.  Груевски најави и нова американска инвестиција со 600 вработувања.

Фабриката на ВИГ во прилепската зона ќе биде еколошка или тн зелена фабрика, прва од ваков вид во земјава. Во првата година ќе бидат отворнеи 400 работни  места, а за две години 1000. Ова е прва фаза, а во план се и втора и трета. Постои оптимизам дека  и следните фази ќе се реализираат во земјава со оглед на фактот дека дури 86% од инветситорите се одлучиле повторно да инветсираат во Македонија. 

 
 
23.11.2016 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега