Времето носи нови изненадувања - подгответе се!

Времето утре во Македонија на повисоките места ќе биде  сончево, а по котлините и речните долини магливо.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо и со појава на значително ниска облачност, а попладне облачноста делумно ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

И во петок ќе се задржи стабилно со магла и ниска облачност по котлините, но кон крајот на денот и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а условите за магла ќе се намалат. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значителен пад на температурата. Врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. 

 
 
23.11.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега