Милошоски: Спортска сала во Битола, пат и обнова на пругата до Грција

Изградба на голем спортски центар во кој ќе има сала со шест илјади седишта, затворен пливачки базен, сала за боречки вештини и современа гимнастичка сала, им вети денеска на битолчани Антонио Милошоски носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 5.

- Овој нов спортски центар ќе биде еден од најдобрите во југозападна Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен, рече Милошоски по отворањето на регионалниот изборен штаб во Битола.

Тој најави и обнова на планинарскиот дом Копанки, а како капитален проект и изградба на магистрален гасовод, кој што од Неготино ќе доаѓа до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид-Струга. Во изборната платформа се предидени и експресен пат од Битола до Меџитлија и до индустиската зона Жабени, како и обнова на железничкото поврзување од Битола кон Грција, а со тоа и кон Солун.

- Се на се за градот Битола имаме проекти кои се дел од реалната програма на ВМРО-ДПМНЕ, не ветуваме брда и долини, но тоа што ќе го запишеме во програмата сакаме да го оствариме бидејќи овие избори не се ни први ни последни, многу ни важи зборот, угледот, довербата на луѓето, а досега истата сме ја оправдувале и ќе продолжиме во иднина да работиме така, истакна Милошоски

 
 
23.11.2016 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега