Одложено патувањето на Претседателот Иванов во Мадагаскар - авионот го приземји мобилен телефон

Претседателот Иванов нема да лета вечерва со авионот на Туркиш Ерлајнс откако претходно поради безбедносни причини на истиот авион не му беше дозволено да полета од скопскиот Арродром Александар Велики. Според информациите до кои дојде Прес24 авионот останал приземјен поради сомнителна електронска направа во багажот на еден од патниците. Имено станува збор за мобилен телефон кој емитувал сигнал заборавен во еден од куферите. Согласно процедуроте на авиопревозникот авионот бил ставен на дополнителни проверки а патниците евакуирани. Подоцна е утврдено дека мобилниот телефон не претставува опасност за безбедноста по што авионот собил дозвола да полета. Пресс24 дознава дека согласно безбедносните процедури на македонските безбедносни служби Претседателот Иванов кој инаку преку Турција требаше да патува на Мадагаскар на самит на Франкофонијата било одлучено да не оди со овој лет.

 

 

 

 

 
 
23.11.2016 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега