Предавања на бугарски археолози за предисториски локалитети

Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) денеска организира предавања на познатите бугарски археолози Васил Николов и  Крум Бачваров од Националниот институт за археологија при Бугарската академија на науките.

Во Археолошкиот музеј на Македонија тие ќе говорат за нивните најнови истражувања на предисториските локалитети во Бугарија и за епохалните откритија што значително ги менуваат познавања за тоа далечно време. 

Предавањето на проф. д-р Васил Николов е на тема „Провадија – Солницата: предисториски градски и стопански центар за производство на сол“, а на доц. д-р Крум Бачваров е насловено: „Нова Надежда: предисториска и протоисториска населба на брегот на Марица“.

- Предавањата на бугарските археолози се вовед во меѓународната научна конференција „Неолитот во Македонија II“ каде што и тие ќе имаат свое учество. На конференцијата што ќе се одржи утре во Археолошкиот музеј на Македонија, ќе бидат презентирани новите сознанија на македонските и странските археолози за овој исклучително интересен предисториски период, соопшти ЦИП. 

 
 
24.11.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега