Утрово Македонија мрзне: На овие места е кочан-ладно

Утрово кочан ладно низ цела Македонија. Според информациите од УХМР, најстудено е во Берово каде е измерена температура од -4 степени, -2 Прилеп, Битола, -1 Скопје, Петровец, Маврово, 0 во Крива Паланка, Пожаране, Демир Капија, 1 Дебар, Штип, Куманово, 2 Крушево, Виница, Охрид, Тополчани, Скопје, Претор, 3 Ѓуриште, Тетово, 4 Струмица, 7 Гевгелија и најтопло утрово со 8 степени во Дојран.

Во поголемиот дел од земјава има појава на магла и ниска облачност, а само на повисоките места во западните делови е сончево со мала до умерена облачност.Видливоста е најмала во Пелагонија и Демир Капија, каде што изнесува 50 м.  

 

Претпладне на повеќе места ќе се задржи облачно и магливо, а сончеви периоди ќе има на повисоките места и планините.Околу пладне сончеви периоди ќе има и по котлините. Ќе биде и претежно тивко, само на места со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

 

Во поголем дел од денот ќе има појава на магла и ниска облачност, само околу пладне ќе има кратки сончеви периоди. Макс. температура ќе достигне до 10 степени.

 

 
 
24.11.2016 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега