Гостиварското ОУ „Гоце Делчев“ ќе добие нова кровна конструкција

Во новата програма е предвидена целосна промена на дотраената кровна конструкција на гостиварското ОУ „Гоце Делчев“, истакна Спиро Ристовски при денешната посета на Полошкиот регион.

Ристовски потенцираше дека проектот за промена на кровот е веќе изработен и прифатен, а градежните активности ќе започнат во текот на летниот период , со што не би се нарушил воспитно образовниот процес во училиштето.

Тој додаде дека во програмата за следниот мандат е предвидена реконструкција на 140 училишта на целата територија на Република Македонија, како и изградба на 78 спортски сали.

 
 
24.11.2016 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега