Собранието утре отворено за посетители

Собранието на Република Македонија утре ќе биде отворено за посета од страна на граѓаните.

- Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања, соопштија од Собранието на Република Македонија.

Собранието, како што потсетува прес-службата, е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетaта. 

 
 
24.11.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега