Лица од ЈП Чистота и зеленило Куманово во работно време разнесуваат партиски материјали на СДСМ (ФОТО)

Во Куманово континуирано се злоупотребуваат општинските служби за партиски цели, од страна на СДСМ и градоначалникот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

-Овие фотографии се направени денеска пред Зелениот пазар во Куманово. На фотографијата јасно се гледа како лица вработени ЈП Чистота и зеленило во униформи на ова претпријатие во работно време со службени превозни средства разнесуваат партиски материјали на СДСМ. Го повикуваме директорот на ова јавно претпријатие како и градоначалникот на Куманово да излезат и да им објаснат на граѓаните како е можно и по чиј налог се извршува оваа злоупотреба на парите на граѓаните, вели Петковски.

kumanovo-jpg1

Петковски прашува дали ќе се преземат мерки за да се санкционира ова недозволено дејствување.

kumanovo-jpg2

-До кога претпријатието Чистота и зеленило ќе работи се освен она за што е основано и за што зема пари од граѓаните. СДСМ брутално ги злоупотребува институциите на општината. Грубо мешање на партијата и општината со злоупотреба на општинските ресурси за изборни цели, додава Петковски.

Ова дело е казниво со закон, потсетува тој.

 

 
 
24.11.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега