Политичките лидери ќе потпишат декларација за спречување семејно насилство

 

 

Во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, денеска политичките лидери ќе потпишат декларација за спречување и заштита од различни форми на насилство врз жените и семејно насилство.

Со потпишувањето на декларацијата, Националната мрежа ја започнува кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и семејното насилство.”

Со декларацијата, лидерите на политичките партии во Македонија се обврзуваат на ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство - Истанбулската Конвенциија.

Целта на Конвенцијата е воспоставување на нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените. Секоја од државите потписнички превзема обврска да ги спроведе сите мерки за превенција на различните форми на насилство, заштита и поддршка на жените кои преживеале насилство и гонење и казнување на насилниците.

Република Македонија е потписник на Конвенцијата од јули 2011 година и оттогаш Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство спроведува активности за лобирање во насока на нејзина ратификација и имплементација. 

 
 
25.11.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега