Стан во Скопје изгоре до темел - едно лице тешко повредено
Вчера во 20:45 часот во ЕИК-Скопје, С.М. пријавила дека на булевар „Јане Сандански“на приземјето настанал пожар во стан.
Од пожарот со изгореници на нозете се здобила Т.З. (72) и со возило на Брза помош била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од каде била пренесена во Ургентен центар - „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани изгореници од втор степен на долните екстремитети и била задржана на понатамошно лекување.
Во 22:30 часот, од екипата на Против пожарна во Скопје пожарот е изгаснат.
Станот бил целосно опожарен, а како причина за пожарот наведена е експлозија на мала плинска боца за варење кафе.
Увид ќе се изврши во текот на денешниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа