Пишев: Зошто Заев не направи повраток на ДДВ во Струмица каде што е 11 години на власт?

 

Зоран Заев продолжува да ги лаже граѓаните и да ветува брда и долини за глас повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Васил Пишев.

Зоран Заев прави класична измама со повратот на ДДВто. Тоа се вика безочно лажење

Го слушаме Заев како без трошка срам лажно им ветува на граѓаните дека ќе имало поврат на ДДВ и дека поради тоа ќе добиле 30.000 денари.

Пресметките говорат дека за да може секое семејствo да добие 30 000 денари како повраток на ДДВ треба месечно да потроши минимум 2000 евра или 120 000 денари или годишно сума од 24 000 евра. Имајќи во предвид дека секое просечно македонско семејство своите месечни примања ги троши на храна и пијалоци, електрична енергија, јавен превоз и други, за кои што ВМРО-ДПМНЕ данокот на додена вредност го намали од 18 на 5% потрошувачката треба да биде многу поголема и од 2000 евра месечно, односно над 3000 евра.

Зоран Заев прерсметките за оваа мерка со која секојдневно се фали ги има правено врз основа на трошоците на кланот Заеви.

Зоран Заев нема врска со реалноста, и мерката поврат на ДДВ е наменета исклучиво за кланот Заеви и таквите како нив.

Кое просечно македонско семејство заработува и троши на секојдневни намирници над 3000 евра месечно.

Единствено кои што ќе имаат бенефит од оваа мерка за поврат на ДДВ од 30 000 денари годишнио ќе имаат кланот Заеви и фамилијата на Радмила Шеќеринска.

Доколку Зоран Заев навистина има намера да им врати пари на граѓаните,како што секојдневно ветува, зошто тоа не го направи во Општина Струмица каде што е повеќе од 11 ипол години градоначалинк.

Зошто Зоран Заев не им врати 15% од парите на граѓаните кои и ги плаќаат за данокот на имот, или пак од парите кои граѓаните ги плаќаат при изградба на куќа. Зошто Зоран Заев не им врати 15% од парите кои фирмите ги плаќаат за комуналии во Општина Стумица ?

Со вакви лаги власт не се добива.

Ова е само една од низата на нереални ветувања на Зоран Заев и СДСМ за да се доберат до некој глас повеќе, соочени со се поизвесниот катастрофален пораз кои ги очекува од граѓаните на 11-ти декември.

 
 
30.11.2016 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега