Партиите продолжуваат со митинзите - 11 ден од изборната кампања

 

Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во во Демир Хисар и Битола.

Предизборниот караван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип. 

Демократската партија на Албанците митинг ќе одржи во Матејче, Коалицијата за промени и правда митинг ќе одржи во Кочани, а Алијансата за Албанците ќе одржат митинзи во Брвеница и Желино.

Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ. 

 
 
01.12.2016 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега