Тодоров: Бесплатна бања за 22.000 и викенд за 15.000 пензионери, покачени пензии и бесплатна вакцинација

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните предвремени парламентарни избори покрај покачувањето на пензиите за 10,25% предвидено е и продолжување на проектот за беспатна бањска климатска рекреација за 22.000 пензионери, истакна носителот на листа на ИЕ 2, Никола Тодоров.

 

-Предвидено е и продолжување на бесплатниот викенд за пензионери и тоа за 15.000 пензионери како и овозможување на вакцинација за оние пензионери кои што ќе сакаат тоа да го направат и тоа за оние кои што се со просечна пензија и пониска од просечната како и за оние лица кои што се над 60 години а не се приматели на пензија, рече Тодоров.

 
 
01.12.2016 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега