„Секој граѓанин да излезе во овој историски момент и да покаже дека оваа држава е негова, а не на некој друг“

На овие избори секој од вас носи две одлуки. Одлука која што е за тебе и за твоето семејство, а тоа се многуте проекти што ги планираме, кои ќе допрат до секој граѓанин, и одлука за Македонија, во каква Македонија сакаме да живееме- во самостојана, унитарна, суверена и држава која што постојано економски ќе јакне… или сакаме да живееме во држава во која некој однадвор некому ќе му кажува, ако сака да остане на власт, што треба да прави, ќе ни кројат капа однадвор, ќе ни ја делат државата на кантони… Мислам дека одлуката е многу едноставна, истакна Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на вечерашниот митинг во Демир Хисар.

-Сигурен сум дека македонските граѓани масовно ќе излезат на 11 декември, да не дозволат ни широки коалиции да си помислува некој, а гледам денеска од ДУИ објавиле дека ако ВМРО-ДПМНЕ не освои 63 пратеници, дека тие ќе барале премиер од нивната партија. Затоа велам од многу страни на Македонија и се имаат опколено како кучиња пред касапница. Да не им дозволиме. Секој граѓанин да излезе во овој историски момент и да покаже дека негова е оваа држава, а не на некој друг, потенцираше Груевски пред граѓаните на Демир Хисар.

 
 
01.12.2016 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега