Сонцето го топи утринскиот мраз: Викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег. Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус еден, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до девет степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Максималните температури ќе бидат без значителни промени. 

 
 
02.12.2016 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега