Вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование

Народниот правобранител Иџет Мемети и  заменик претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон денеска во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ќе го промовираат Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование.

Извештајот е направен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите основни училишти во Република Македонија, како и од спроведената анализа на законската регулатива.

На промоцијата ќе учествува и инклузивниот тим на училиштето кој дава поддршка на децата со посебни потреби.

Промоцијата ќе се одржи во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. 

 
 
02.12.2016 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега