Отворен ден на Дневниот центар за лица со попреченост ПОРАКА

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост - 3 Декември, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА денеска организира Отворен ден на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Скопје во населба Аеродром.

- Отворениот ден се организира со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден ќе бидат презентирани активностите на Дневниот центар, а присутните ќе имаат можност да се дружат со неговите корисници, соопшти ПОРАКА. 

 
 
02.12.2016 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега