Облечете се убаво: Поларен студ во Македонија - еве каде е кочан утринава

И ова утро е кочан ладно во Македонија. Мрзнат сите градови низ државава, а најстудено е во Берово каде утрово се измерени -8 степени Целзиусови, со што Берово ова утро е најстудениот град во Македонија. 

-6 степени се измерени во Лазарополе, Прилеп и Битола, -5 во Скопје Петровец, -4 во Тополчани, Дебар и Демир Капија, -3 во Крива Паланка, Крушево, Маврово, Тетово и Струмица, -2 во Штип, Куманово, Скопје на Зајчев Рид и Охрид, -1 во Ѓуриште, Претор и Гевгелија, 0 во Виница и Пожаране до 3 степени во Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава е ведро со појава на мала до умерена облачност, особено во источните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната ќе достигне до 12-тиот степен.

 
 
02.12.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега