Ѓорчев: Грантови од државата за стари занаети и започнување на сопствен бизнис

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени и грантови за стари занаети и за отпочнување на свој сопствен бизнис. Државата ќе дава грант од  5000 евра за стари занаети и 4000 евра за самовработување.

Владимир Ѓорчев,  носител на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од ИЕ 6 истакна дека покрај 5000 евра за стари занаети, занаетчиите ќе добиваат и бесплатна обука.

-Во програмата предвидуваме и неповратни средства во висина од 4000 евра за самовработување на лица кои што се невработени, а кои сакаат да стартуваат свој бизнис, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека поволности ќе добијат и пазарџиите кои што ќе сакаат да го формализираат и  легализираат својот бизнис.

-Се предвидува ослободување од социјални придонеси и ќе добијат и други поволности до 3 години доколку нивната возраст е под 35 години. Станува збор за добри мерки кои ќе ја намалуваат невработеноста, рече Ѓорчев.

 
 
02.12.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега