Министерот Миноски во посета на новата Административна зграда во Струмица
Министерот за финансии Кирил Миноски и директорката ан Управата за јавни приходи, Анастасија Илиевска денеска во Струмица ги посетија шалтерите и одделенијата кои се сместени во новата Административна зграда.
- Ова е административен објект преку кој Министерството за финансии и Владата на Rепублика Македонија настојуваат да промовираат нов концепт за граѓаните во кој повеќе државни инстутиции давaат услуги со што се заштедува време и ја зголемува ефикасноста на сите кои работат во овој сегмент, рече Миноски.
Во административната зграда се сместени Министерството за финансии, Управата за јавни приходи регионална канцеларија Струмица, Катастар, Одделението за имотно-правни работи и матичната евиденција.
- Добрите резултати во работата на УЈП се заслуга на вработените и во најголем дел на даночните обврзници. Со побрзото опслужување на нивните потреби во новиот објект кој ќе се користи, УЈП ќе биде поблиску до граѓаните и ќе ги подобри услугите до нив, рече Анастасија Илиевска, директор на УЈП.
Објектот беше пуштен во употреба во април годинава откако заврши реконструкцијата и пренамената на Старата полициска станица во Струмица, која веќе неколку години беше напуштена. За реконструкцијата одвоени беа финансиски средства, од државниот буџет, во висина од 64.900.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа