Какво време не очекува викендов?

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до нула, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена облачност, а во јужните делови повремено значително облачно.

 

 
 
03.12.2016 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега