Ѓорчев: Изградба на нови градинки во секоја општина без исклучок
Во шестата изборна единица, на потегот Тетово-Гостивар-Дебар во секоја општина без исклучок ќе изградиме нови градинки затоа што има потреба, тоа е помош за родителите, посочи денес Владимир Ѓорчев,носител на листа во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ.
-Градинките се можност децата да имаат рано стекнување на знаење, социјализација и овозможуваат родителите послободно да одат на нивното работно место. Ќе имаме изградба и на голем број спортски сали, ќе продолжиме со набавката на 270.000 учебници за сите ученици и во основното и во средното образование, истакна Ѓорчев.
Тој додаде дека ќе продолжи исплатата на надоместокот за трето дете, мерка која ја користат над 20.000 семејства во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа