Милошоски: Намалување на невработноста со отворање на нови 70.000 работни места

 

Главната цел ни е невработеноста од 24 проценти да ја симнеме на 18 проценти, а тоа ќе создаде поголема перспектива за многу млади луѓе и за целата македонска економија, истакна денес од Нижеполе носителот на листа во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Во услови на не многу лесни економски околности изминативе десет години, сепак успеавме да ја зголемиме вработеноста за 160.000 нови работни места и затоа сметаме дека програмата „Реално“, посебно со проектите рурални развојни зони и стимулација за рестартирање фабрики жртви на транзицијата ќе успееме да создадеме нови 70.000 работни места, додаде Милошоски.

 
 
04.12.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега