Груевски: Во недела гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за унитарна, суверена напредна Македонија

Македонските граѓаните во недела ја имаат шансата со поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ да ја задржат унитарна, суверена, независна и напредна Македонија. Во оваа држава одлучуваат граѓаните кои ја добиваат таа шанса на изборите и важно е во недела да излезат што порано и да ја заврши својата обврска, својот долг кон државата и кон идните поколенија. 

Ваква порака упати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носители на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 4 Никола Груевски на предизборен митинг во скопската општина Бутел.  

- Одлуката е јасна и затоа е многу важно во недела, сите да разберат дека тогаш е нивната шанса. Шансата на Македонија и убеден сум дека македонскиот граѓани ќе ја искориси шансата во недела да ја задржат унитарна, суверена и независна и напредна Македонија. Напредна која се движи во правец на ЕУ и НАТО. Македонија која едкономски ќе продолжи да се развива, рече Груевски.

Според него, овој народ ќе поддржи опција која е со него и во добро и во тешки времиња, што дава ветување и го исполнува тоа ветување, што е секогаш тука и стои и држи до дадениот збор. - Опција, истакна, која што во послдните години отвори 160.000 нови работни места

Тој потенцира дека со ВМРО- ДПМНЕ народот е на  чисто, дека има јасна програма и јасен план кој може само да се зголемува.

- Многу работи се направија во Македонија. Се донесоа странски инвестиции, порасна извозот, растеа платите, минималната плата се воведе па почна да расте, се намали невработеноста. Во скопско се присутни над 45 странски компании. Се работи со полн капацитет на носење странски инвеститори. Овозможивме легализација, откуп на земјиште и дворните места, зголемена социјалната помош, изградени училишта, намалена квота за партиципација на студентите, преведени стручни и научни книги, многу други работи, но многу и следуваат во наредните четири години, рече Груевски.

 

Носителот на кандидатската листа во ИЕ 2 Никола Тодоров на митингот потенцира дека се останати уште два дена до крајот на кризата во која не втурна СДСМ и уште два дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Посочи дека по средбите остварени во повеќе населени места во оваа општина убеден е дека на 11 декември Бутел силно и масивно ќе се спротивстави на  редефенирање на државата, нема да избере двојазничност на целата територја и проширување на Рамковниот договор.

- Бутел беше и ќе остане браникот на татковината, потенцира Тодоров. 

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја има најобемната и најреална програма досега со голем број проекти.

Во име на Републиканската партија на Франција на митингот во Бутел се обрати Мишел Воасин, кој присуствува на покана на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

- Нашите политички партии се сестрински бидејќи ги признаваат истите вредности и убедувања. Првата нејзина вредност е човекот во центарот на општеството и тоа е првата вредност која треба да ја препознаеме. Втората вредност е семејството како основа на општеството и во ова својство еволуцијата на светот. Не треба да заборавиме дека светот се заснова на семејството. Третата наша вредност е почитување на правната држава. Тоа е држава во која се слуша гласот на народот и се почитува гласот на народот, рече Воасин.

Тој даде поддршка на програмата, за која рече дека се заснова на овие вредности и убедувањата и им порача на присутните дека во недела треба да го заокружат бројот 1.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва митинзи ќе одржи и во Гази Баба и Шуто Оризари. 

 
 
08.12.2016 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега