Во Ресен денеска гласаат 69 стари, болни и изнемоштени лица

 

Шеесет и девет, стари, изнемоштени и болни лица во општина Ресен денеска ќе го остварат правото на глас за предвремените Парламентарни избори што ќе се одржат утре.

Претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски информира дека сите 50 Избирачки места се подготвени и ќе бидат отворени утре во 7 часот.

Во избирачкиот список во Ресен регистрирани се 16.562 гласачи.

 
 
10.12.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега