Во Кавадарци гласаат 104 немоќни лица

 

Во Кавадарци денеска гласаат 104 болни, изнемоштени и инвалидизирани лица, гласаат и 38 затвореници од оваа општина, а денешното гласање го спорведуваат 41 избирачки одбор.

Претседателот на Општинската изборна комисија Зоран Костов информираше дека во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 гласач, а ќе се гласа на 60 избирачки места.

Во оваа изборна комисија немаат информација за број на пријавени гласачи од дијаспората, бидејќи тие се пријавувале во дипломатско-конзуларните преставништва и конзуларните канцеларии.

На утрешните деветти парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции, со 58 листи и со 1.092 кандидати. 

 
 
10.12.2016 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега