Почна гласањето во Битола и Демир Хисар

 

Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар утрово потврдија дека почна гласањето за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.

Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места каде гласачките кутии беа отворени точно во 7 часот.

- Во избирачкиот список евидентирани се 82.212 граѓани со право на глас и тоа право ќе може да го остварат до 19 часот, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.

Гласачите од Битола и гласачите од Демир Хисар избираат кандидати за пратеници од ИЕ5.

- Точно во 7 часот, утрово беа отворени гласачките места и кутиите на 35 урбани и населени места места во општина Демир Хисар, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.

 
 
11.12.2016 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега