Навреме отворени избирачките места во Ресен

 

На 50-те избирачки места во општина Ресен гласањето почна навреме во 7 часот утрово.

Претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски информира дека гласањето тече нормално без никакви проблеми.

- Сите изборачки места навреме се отворени без никакви проблеми. Изборнит процес засега се одвива нормално, изјави Пецалевски.

Во избирачкиот список во Ресен се регистрирани 16.562 гласачи, кои денеска ќе гласаат за една од листите за шратеници за предвремените Парламентарни избори во 5. Изборна единица.

Правото на глас вчера го остварија 69 изнемоштени и болни лица во општината. 

 
 
11.12.2016 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега