СИТЕЛ: Збогум Есма, замина кралицата на ромската музика

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина познатата македонска пејачка и хуманитарка Есма Реџепова Теодосиевска.

Есма Реџепова беше нарекувана кралица на ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење и наш музички амбасадор во светот. Во 2013 година ја доби и престижната титула национален уметник на Република Македонија.

Во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број концерти и хуманитарни акции. 

 

 
 
11.12.2016 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега