Временска за утре: Супер вест за сите кои го сакаат снегот

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, постудено и ветровито. Ќе дува засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието, како и во источните делови. Во северните и во западните делови од земјава ќе има услови за пројавување на слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до минус пет и дневна до осум степени.

И во вторник слично време со засилен северен ветер, наместа со провејување на слаб снег, особено во претпладневните часови.  Во вторник утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од три до осум степени.

Потоа следува претежно стабилно и постудено време со опаѓање на температурата. 

 

 
 
11.12.2016 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега