Не му било судено да биде милионер: Хрват добил на лото но не ја подигнал добивката
Еден Хрват имал многу среќа кога освоил премија на лото со што добил неверојатни три милиони куни или 410.000 евра, но верувале или не бидејќи не ја подигнал добивката во предвидениот рок, потоа и ја загубил истата.
Среќникот одиграл 10 комбинации на бројки во 67. коло. Уплатил 35 на 5 јуни, а добил повеќе од три милиони куни, и иако имал рок од два месеци да си ја подигне наградата, сепак тоа не го направил, па таа пропаднала.
Ова е прв ваков случај во Хрватска.
Дефинитивно на Хрватот не му било судено да биде милионер.
ФОТО: Денешен
09:26